Печените праски со сладолед се едноставен десерт, а особено се истакнуваат поради тоа што се спој на топли и ладни состојки, кои истовремено нудат освежувачки и кремаст вкус.
Освен што едноставно се подготвува, за овој рецепт не ви се потребни ни премногу состојки.
Потребни состојки:
– праски
– јаткасти плодови
– сладолед
– засладувач по желба
Начин на подготовка:
Најпрвин загрејте ја рерната на 150 степени. Додека се загрева рерната, пресечете ги праските на половина и наредете ги во тава на хартија за печење. Праските потоа посипете ги со шеќер или кој било друг засладувач по желба. Можете дури и да ги премачкате со мед.
Сепак, можете да го прескокнете додавањето засладувач. Она што му дава посебен вкус на овој десерт се секако јаткастите плодови. Можете да додадете различни јаткасти плодови, само важно е претходно ситно да ги исецкате.
Кога ќе ги додадете јаткастите плодови, ставете ги праските во рерна и печете околу половина час на 150 степени. Кога ќе бидат готови, оставете ги неколку минути да се изладат, а потоа секоја праска послужете ја со топка од омилениот сладолед.