четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Плетенка полнета со крем: Пециво со кое овој викенд ќе го израдувате семејството

Плетенка полнета со крем: Пециво со кое овој викенд ќе го израдувате семејството

Викенд е, а секој од нас има желба за некое вкусно благо додека одмараме дома.

Ви пренесуваме лесен рецепт за десерт кој ќе го засака целото ваше семејство.

Состојки:

500 грама брашно;

250 милилитри млако млеко;

10 грама инстант квасец;

80 грама шеќер;

70 милилитри масло;

крем по желба.

Активирајте го квасецот, а потоа додадете го маслото и брашното и замесете мазно тесто. Околку 30 минути оставете го да нарасне. Потоа тестото развлечете го во правоаголник и исечете го на три ленти.

Секоја лента намачкајте ја со крем, а потоа затворете и ги краевите. Исплетете плетенка.

Премачајте ја со жолчка и оставете ја отстои уште 20 минути, а потоа печете ја 20 – 25 минти на 200 степени.

По желба наросете ја со шеќер во прав.