сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

По Велигденскиот пост, заблажете се со овој превкусен колач

По Велигденскиот пост, заблажете се со овој превкусен колач

Кремаст колач со чоколадо и ореви…

Состојки за тестото: 6 белки, 200 г шеќер во прав, 200 г мелени ореви, 4 лажици брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво.

За филот: 6 жолчки, 200 г шеќер во прав, 200 г чоколадо за готвење, 150 г путер.

За глазурата: 200 г слатка павлака, 1 лажица мед, 1 мало лажиче мед, 1 лажица шеќер во прав, 1 мало лажиче шеќер во прав, 250 г чоколадо за готвење, 30 г путер.

Најпрво подгответе го тестото:

–Белките изматете ги во цврст шлаг и постепено додавајте го шеќерот во прав. Измешајте ги претходно брашното, оревите, прашокот за печиво и додадете ги заедно во шлагот. Мешајте со дрвена лажица. Тестото сипете го во тава обложена со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени 15 минути.

Потоа подгответе го филот:

–Жолчките и шеќерот во прав варете ги на пареа. Кога смесата ќе почне да се згуснува додадете во неа 200 г растопено чоколадо и 150 г путер. Варете уште 8 минути. На оладено тесто премачкајте врел фил.

И на крајот подгответе ја глазурата:

-Во едно тенџере на рингла загрејте ги павлаката, медот, шеќерот во прав до точка на вриење, но не смее да проврие. Во друг сад растопете го чоколадото за готвење со путерот. Во ова сипете ја горната смеса и убаво измешајте. Ова прелијте го преку оладениот фил. Оставете колачот убаво да се излади пред да го сервирате. Одозгора колачот можете да го украсите со шлаг.