Подготовката е едноставна, а вкусот феноменален. Додека трае сезоната на тиквички, би било штета да не ги искористите во кујната. Ви предлагаме пржени тиквички со сусам. Подготовката е многу едноставна, а добивате супер вкусен и крцкав ручек.
Пробајте го и уверете се сами!
Состојки:
2 средни тиквички
2 јајца
2 лажици кисела павлака
100 гр сусам
50 гр соја снегулки
4 лажици брашно
сол, масло
Подготовка:
Тиквичките излупете ги, исечете ги на ленти и посолете ги, па оставете да се исцеди течноста. Јајцата се матат, се додава павлаката и се меша. Во посебни садови ставете брашно и сусам. Поминете ги тиквичките низ брашното, јајцата и сусамот. Пржете до златно кафеава боја, извадете ги и ставете ги на хартиени салфетки…
Погледнете го упатството за подготовка чекор-по-чекор: