четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Посен колач со морков: Вкусен и миризлив!

Посен колач со морков: Вкусен и миризлив!

Состојки:

320 грама брашно
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка цимет
100 гр шеќер
100 мл масло
100 гр сушена брусница
50 мл амарето (ликер од бадем)
1 лажица рендана кора од портокал
350 ml сок од портокал (2 големи портокали)
180 гр моркови (2 со средна големина)
220 гр јаболка (2 помали)

Подготовка:

Брусниците потопете ги во свеж сок од портокал за да омекнат. Додадете амарето и промешајте неколку пати. Оставете барем 15 минути и за тоа време исчистете ги и крупно изрендајте ги јаболката и морковот.

Сето тоа правете го во поголем сад во кој ќе ја подготвите смесата за колачот. Потоа додадете шеќер, масло и цимет и убаво измешајте со ренданите јаболка и морковите. Потоа ставете ја омекнатата брусница заедно со сокот и амаретото. Повторно измешајте сè добро.

Измешајте брашно со сода бикарбона и прашок за пециво. Сега соединете се: додадете брашно во влажните состојки и измешајте. Смесата истурете ја во тесен калап за печење (30х10см или 26х13см) обложен со хартија за печење или подмачкан со масло и попрскан со брашно. Колачот се пече во загреана рерна на температура од 170 степени (без вентилација) околу 35-40 минути.

Оставете го целосно да се излади, а потоа посипете со шеќер во прав, исечете и послужете.