петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Поволно делува на организмот: Што ќе се случи ако консумирате по една лажица мед секој ден?

Поволно делува на организмот: Што ќе се случи ако консумирате по една лажица мед секој ден?

Добро е да се знае

Медот е одлична, ако не и најдобра алтернатива на шеќерот, па затоа е прва препорака на нутриционистите и експертите. А ако веќе не сте одлучиле да го вклучите во толкава мера во вашата исхрана, тогаш дефинитивно треба да размислувате за една лажичка мед секој ден – оваа едноставна рутина има бројни придобивки за нашето тело.

Го зајакнува имунитетот

Полн со антиоксиданси и антибактериски својства, медот е вистинскиот начин за зајакнување на имунитетот кој е компромитиран од недостаток на сон, несоодветна исхрана и многу стрес.

Ја чисти кожата

Медот ги чисти, штити и лекува раните и се користи за нега на кожата насекаде низ светот. Содржи различни протеини како и водород и глуконска киселина, кои лекуваат мали рани и акни. Неговите амино киселини го регенерираат ткивото и ги одржуваат цврсти поткожните делови од влакната. Покрај тоа, тој е богат со мелатонин, кој нашето тело го ослободува за време на спиењето и кој и помага на кожата да изгледа поздраво.

Помага во детоксикација на телото

Секој ден нашето тело е под влијание на штетните токсини кои ги внесуваме со храна и пијалоци. Сепак, секојдневното консумирање мед може да ни помогне во детоксикацијата. Полн е со флавоноиди, вистинска ризница на здравје, кои служат за ублажување на нерамнотежата на радикали, токсини и антиоксиданси во телото што доведува до оштетување на ткивото.

Ги намалува вишокот килограми

Можеби медот со сите негови калории звучи како необичен начин за слабеење, но всушност многу помага. Истражувањата покажаа дека консумирањето мед наместо производи полни со сахароза има подобри ефекти и резултира со помала килажа. Покрај тоа, апчињата за контрола на телесната тежина имале полоши резултати од медот. Значи, само природно!

Го намалува нивото на анксиозност и стрес

Само затоа што така влијае на сонот, медот ќе го намали и нивото на стрес со кој се среќаваме секој ден, бидејќи ќе ви овозможи доволно квалитетен сон.

Го намалува нивото на холестерол

Високото ниво на холестерол може да биде фатално, предизвикувајќи срцев и мозочен удар. А редовното консумирање мед го ограничува скокот на гликозата во крвта и го намалува вкупното ниво на холестерол и триглицериди, покажа една студија.

Ја подобрува меморијата и здравјето на мозокот

Холестеролот во телото може да влијае и на болестите на мозочниот систем и да доведе, на пример, до Алцхајмерова болест. Сепак, редовното консумирање мед го намалува нивото на холестерол, а со тоа го одржува вашиот мозок поздрав.