петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Превкусен десерт без јајца, квасец и млеко: Рецепт за банана-крофни од 3 состојки на кои постојано ќе им се враќате

Превкусен десерт без јајца, квасец и млеко: Рецепт за банана-крофни од 3 состојки на кои постојано ќе им се враќате

Овој интересен десерт е идеален доколку сакате да го пробате како нов рецепт, а да се засладите.

Сакате крофни, а омилено овошје ви е бананата? Тогаш логично е да го направите овој избор – банана крофни.

Станува збор за малку поразличен десерт во кој сите ќе уживате.

Состојки:

– ½ шолја интегрално, пченично брашно;
– ¾ лажички прашок за печиво;
– 1/3 шолја пире од банани;
– Масло за пржење.

Подготовка:

Во сад измешајте го брашното и прашокот за печиво, па мешајте додека смесата не се соедини.

Потоа додадете го пирето од банани кое ќе го добиете така што ќе ги изблендирате бананите со малку вода за да добиете густа смеса. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Вашето тесто треба да биде лепливо.

Ставете масло во длабоко тенџере да се загрее, а потоа со лажица вадете крофна по крофна и ставајте ја да се пржи.

Кога се готови крофните ќе испливаат на површина и ќе добијат златнокафеава боја од двете страни.

Извадете ги крофните од маслото и ставете ги на чинија обложена со хартија за печење да се исцедат.

Може да ставите шеќер во прав над нив или прелив за крофни.

Пријатно јадење!