вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Превкусен оброк за целото семејство, готов за само неколку минути (ВИДЕО)

Превкусен оброк за целото семејство, готов за само неколку минути (ВИДЕО)

Денеска ви претставуваме рецепт за едноставна и вкусна вечера од само 4 состојки кои сите ги имаме во кујната.

Потребни состојки:

– 500 гр. компири
– 3 јајца
– 1 лажичка скроб
– 5-6 перца млад кромид
– 200 гр. кашкавал

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите и изрендајте ги, а потоа помешајте ги со јајцата кои претходно сте ги изматиле. Потоа додајте го и сецканиот млад кромид, како и сол и бибер. Сè добро промешајте.

Во тава ставете малку масло, па кога ќе се загрее, додајте половина од смесата и убаво распоредете ја по целата тава. Кога смесата ќе добие златножолта боја од долната страна, свртете ја на другата со помош на шпатула.

Пржете уште 2-3 минути, па извадете ја од тавата.

Потоа во тавата додајте уште малку масло, па ставете ја другата половина од смесата со компир. Подгответе ја на истиот начин како и првата половина. Кога ќе ја свртите „палачинката“ од компир на другата страна, врз неа додајте го ренданиот кашкавал и преклопете со другата „палачинка“ од компир. Оставете да се запржат уште неколку минути за кашкавалот да се растопи, па сервирајте.