среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Пржени јаболка во тесто: Десерт кој ќе му се допадне на целото семејство, вкус кој не сте го пробале

Пржени јаболка во тесто: Десерт кој ќе му се допадне на целото семејство, вкус кој не сте го пробале

Послужете го овој десерт со шеќер во прав, цимет или попрскан со мед.

СОСТОЈКИ: 

5 јаболка

3 јајца

300 милилитри млеко

250 грама брашно

3 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

Подготовка:

Излупете ги јаболката, извадете ги семките и исечете ги на прстени дебели половина сантиметар.

Изматете ги јајцата со двата шеќера додека не добиете пенеста смеса. Додадете млеко и брашно. Изматете да се соединат.

Загрејте големо количество масло во тава.

Натопете ги прстените од јаболка во тестото и пржете ги од двете страни до златно кафеава боја.