среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рафаело бомбици од само три состојки: Неодоливо задоволство од кокос кое сите го сакаат

Рафаело бомбици од само три состојки: Неодоливо задоволство од кокос кое сите го сакаат

Лесно се подготвуваат и се погодни за ненадејни гости

Нема некој кој не ги сака малите, неодоливи топчиња од кокос попознати како рафаело.

Постојат различни рецепти по кои може да се направат, а ние ви пренесуваме еден брзински. Се што ви треба се само три состојки, а подготовката е повеќе од едноставна.

Состојки:

250 гр кокос
170 мл кондензирано млеко
15 лешници или бадеми

Подготовка:

Измешајте го кокосот (оставете малку за валкање на бомбиците) со кондензираното млеко и добро соединете. Кога ќе добиете компактна смеса, земете мали делови и формирајте бомбици.

Тријте го меѓу дланките, па на средина ставете лешник или бадем, зависи за што сте се одлучиле. Секое топче извалкајте го во преостанатиот кокос и добро изладете во фрижидер пред послужување.