петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

РЕЦЕПТ: Брз ручек со туна, совршенa летнa плескавица за топлите денови

РЕЦЕПТ: Брз ручек со туна, совршенa летнa плескавица за топлите денови

Во овие топли денови сите мразиме да поминуваме премногу време во кујна, а вкусните плескавици од туна кои се прават за помалку од половина час не само што се идеални за подготовка на брз ручек, туку се вкусни дури и ако се остават да се јадат ладни. .

Овие плескавици од туна одлично се комбинираат со кечап, сенф или лут сос, а можете да ги послужите и како топол сендвич.

Состојки:
2 јајца
2 лажици лимонов сок
10 лажици презла
3 лажици рендан пармезан
3 конзерви туна, исцедена
3 лажици кромид исечен на коцки
прстофат мелен бибер
сол
3 лажици масло

Подготовка:
Во сад изматете ги јајцата и сокот од лимон, измешајте ги презлата и пармезанот за да добиете тесто. Во смесата посипете исцедени конзерви туна и ситно исечканиот кромид. Измешајте сè добро и зачинете со бибер и сол, по вкус.

Со рацете формирајте осум плескавици.

Загрејте го маслото во тава на средна топлина и пржете ги додека не поруменат, околу пет минути по страна.

Можете да ги послужите плескавиците со компири, пире од компири или помфрит и сезонска летна салата по ваш избор. Може да се сервираат и топли и ладни.