Ќе ви даде енергија да го започнете денот
Кога немате време да подготвите појадок, а дома имате основни намирници како леб, салата и сувомеснати производи, тоа значи само едно – брускети!
Состојки:
1 багет или стар леб
1 домат
½ краставица
350гр пршута
Сушен домат
Крем сирење
Зачини по вкус
Зачински билки за декорација
Балсамико
Подготовка:
Багетот исечете го на кришки, па наредете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и печете 10 минути на 180 степени.
Кога ќе бидат готови, извадете ги од тавата кришките леб и премачкајте ги со крем сирење.
Потоа на секоја кришка ставете по две ливчиња пршута, ситно исечкани свежи и суви домати.
Краставицата исечкајте ја на кругови, па наредете ја врз пршутата и доматите. Посипете сè со малку балсамико оцет.
Посипете ги вашите омилени зачини над брускетите и додадете билки, на пример, рукола.
Уживајте во секој залак.
Пријатно!