петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Рецепт за принцес крофни: Тестото е меко како памук, а полно со свиленкаст фил кој се топи во уста!

Рецепт за принцес крофни: Тестото е меко како памук, а полно со свиленкаст фил кој се топи во уста!

Правењето вистински принцес крофни бара трпение, но навистина вреди.

Состојки за тестото:

300 мл вода,
100 мл масло,
140 гр брашно,
1 прашок за пециво,
4 јајца.

Состојки за филот:

2 пудинзи од ванила,
1 кесичка шлаг,
1 маргарин.

Подготовка:

Зовријте вода и масло, додека се варат додадете брашно и прашок за пециво, брзо измешајте и веднаш тргнете го од оган. Додадете ги јајцата едно по едно, внимавајте секое добро да се измеша со тестото пред да го додадете следното. Извадете го тестото со шприц или лажица и наредете го на плех обложен со хартија за печење. Се печат на 180 степени додека убаво да нараснат и да добијат убава златна боја.

За филот сварете два пудинга според упатството на кесичката, па во топлиот пудинг додадете маргарин на собна температура. Матете добро да се соедини, па додадете го шлагот.

Крофните исечете ги на половина и наполнете ги со фил, преклопете ги и посипете ги со шеќер во прав. Доколку сакате да бидат меки, веднаш по полнењето додадете шеќер и покријте ги со фолија. Ако сакате да бидат крцкави, не ги покривајте со фолија.