Најдобри се за вечера!
Состојки:
1 багет
1 кг домати
1 главица црн (виолетов) кромид
4 чешниња лук
босилек
200 мл маслиново масло
250 гр моцарела сирење
сол
бибер
прстофат шеќер
Подготовка:
Исечете го багетот на парчиња со 1 цм дебелина. Направете смеса од 100 мл маслиново масло и 1 чешне лук и со неа премачкајте ја секоја кришка, па наредете ги во подмачкан плех и печете на 200 °С околу 10 минути. Лебот треба да биде крцкав и со златкаста боја.
Намаз: Доматот и кромидот исечкајте ги на што помали коцки и измешајте. На тоа додадете иситнети 3 чешниња лук, преостанатото масло, ситно сечканиот босилек, сол, бибер и прстофат шеќер. Добро измешајте и со него намачкајте ги печените кришки багет.
По желба, одозгора можете да ја изрендате моцарелата и во тој случај повторно да ги вратите брускетите во рерна на кратко, колку да се растопи моцарелата.