Пита со афион и вишни е многу убав десерт, а овојпат станува збор за рецепт којшто е идеален за во текот на велигденскиот пост и за оние кои постат.
Има и оние кои сакаат да пробаат нешто поразлично и со помалку состојки. Овој рецепт едноставно се подготвува, за кратко време се подготвува (околу еден час) и состојки кои не се многу скапи.
Состојки:
– 500 грама мелен афион;
– 500 грама кори за пита;
– 300 грама вишни;
– 300 грама шеќер;
– Ванилин шеќер;
– Вода;
– Малку брашно.
Подготовка:
Во тенџере ставете го афионот, ванилиниот шеќер и додадете вода колку што треба за да се добие смеса како за палачинки.
Ставете го тенџерето на оган за да проврие смесата. Не е потребно долго да се вари, само треба да почне да врие.
Дното од тепсијата посипете го со брашно (или ставете хартија за печење), редете ги корите, секоја кора намачкајте ја со врелиот фил, а вишните ставајте ги на секоја втора или трета кора.
Последната кора посипете ја малку со вода.
Печете во рерна на 180 степени Целзиусови додека не порумени.
Исечете ја питата на коцки, па послужете.
На здравје!