Љубителите на месо сакаат пилешко бидејќи има толку многу опции за негово подготвување што никогаш не може да ни здодее.
Сепак, едноставните рецепти некако ни се омилени, па дури и ако се брзо готови и се со разумна цена – имаме деликатес што ги исполнува сите критериуми за ручек од соништата. Во продолжение ви пренесуваме еден таков рецепт.
Состојки:
400 гр пилешко бело месо
Една главица свежа брокула
150 гр рендано сирење
Сол, бибер, лук
2 лажици презла
За сосот:
50 гр путер
2 лажици брашно
600 мл млеко
150 гр ребро
Сол, бибер, морско оревче по желба
200 мл крем за готвење
Подготовка:
Брокулата исчистете ја и одделете ја на цветови. Се вари пет минути во зовриена солена вода.
За тоа време пилешките гради исечкајте ги на коцки и пропржете ги на путер.
Подгответе го сосот. Во путер се пропржува брашното, се трга од оган и се додава млекото со постојано мешање да не се формираат грутчиња. Додадете ги павлаката за готвење и сирењето, зачинете и варете на тивок оган додека не се згусне.
Намачкајте длабок сад со путер и посипете со презла. Брокулата и пилешкото измешајте ги и ставете ги во садот. Прелијте го готовиот сос, а на крајот посипете со рендано сирење.
Печете 20 минути во рерна загреана на 200 степени.