сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Се прави за 40 СЕКУНДИ и има фантастичен вкус: Најбрзото тирамису по рецепт на славниот Гордон Ремзи

Се прави за 40 СЕКУНДИ и има фантастичен вкус: Најбрзото тирамису по рецепт на славниот Гордон Ремзи

Одличните готвачи секогаш имаат трикови во ракавот за највкусните десерти, па дури и кога се брзо подготвени, тоа е полн погодок! Тирамису е едно од најпопуларните слатки во светот и еден вид класика, а можете да уживате во различни варијации на овој деликатес, па дури и во диеталниот.

Гордон Ремзи има интересен рецепт за најбрзо можно тирамису, за чија подготовка не ви треба цела минута (а за неговиот рецепт за паста карбонара потребни се 10 минути).

Ви треба:

170 мл слатка павлака
225 гр сирење маскарпоне
4 пишкоти
225 мл силно кафе
4 лажички Марасала бренди или некое десертно вино
35 гр шеќер во прав
лажичка екстракт од ванила
рендано чоколадо

Подготовка:

Прво измешајте ги слатката павлака и шеќерот. Посебно измешајте маскарпоне, вино и екстракт од ванила. Потоа измешајте ја смесата со сирењето маскарпоне и слатката павлака.

Потопете ги бисквитите во кафето, наредете ги во филџани и прелијте ги со смесата. Чоколадото изрендајте го преку десертот. Пријатно!

Погледнете како тоа го прави славниот Гордон Ремзи: