Доколку се двоумите околу тоа кој напиток е најздрав да го започнеш денот со него, најдобро би било шолјата кафе или чај да ја замениш со млака вода, која веднаш ќе те хидрира, ќе ги разбуди органите и ќе ги охрабри да работат.
Пиењето на млака вода наутро носи бројни позитивни дејства на здравјето, а некио од нив се детоксикација, добро варење како и слабеење.
Детоксикација
Конзумирањето топла вода ја подигнува телесната температура, па телото започнува да се зајакнува, а се поти и ги исфрла токсините од организмот, додека истовремено хидрира. Исто така, го олеснува протокот на крвта во организмот, ги стимулира метаболичките процеси а со самото тоа и побрзо согорување на масните наслаги.
Стимулира варење
Ако испиете две чаши топла вода на празен стомак наутро, тоа ќе има корисен ефект врз работата на цревата, ќе го подобри процесот на варење, ќе го стимулира метаболизмот и ќе го намали ризикот од стомачни проблеми и запек.
Убавина и младост
Топлата вода е одлична за хидрирање на кожата, но и за нејзина детоксикација, затоа е особено препорачлива за луѓе кои имаат проблеми со акни. Консумирајќи топла вода, ја подобрувате еластичноста на кожата, ја хидрирате и намалувате појава на брчки.
Губење на тежина
Според експертите, пиењето топла вода наутро ги подготвува цревата за остатокот од денот и може да придонесе за слабеење. Ги чисти цревата, спречува надуеност и ги решава вишоците течности во организмот. Исто така, се зголемува основната телесна температура, што доведува до тоа телото да троши енергија за да ја намали својата температура во нормала. Оваа потрошувачка на енергија го забрзува метаболизмот.
Ги релаксира мускулите
Консумирањето топла вода го зголемува протокот на крв и им помага на мускулите да се релаксираат, додека пиењето ладна вода доведува до контракција. Оваа мускулна релаксација може да помогне при широк спектар на болка, од менструални грчеви до артритис. Исто така може да ја ублажи несоницата.