Летен ручек готов за 20 минути.
Состојки:
1 литар супа од зеленчук
500 гр шпагети
250 гр преполовени чери домати
1 мала главица кромид
2 чешниња лук
5 листови свеж босилек
1/2 лажичка мелен црвен пипер
сол, бибер
рендан пармезан
Подготовка:
Во поголемо тенџере со капак измешајте ја супата од зеленчук, шпагетите, чери доматите, исечканиот кромид, сечканиот лук, босилекот и мелената црвена пиперка.
Гответе на средно-силен оган, а потоа покријте и намалете ја топлината.
Додека се варат, често мешајте додека не испари целата течност и тестенините не се сварат.Потребни се околу 15 минути.
По желба додадете сол и бибер
Послужете ги поросени со пармезан.