среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Штрудла со нутела и лешници

Штрудла со нутела и лешници

Подгответе штрудла со нутела и лешници за вистинско уживање со секој залак.

Состојки:

1 квасец
250 мл. вода
250 мл. млеко
2 лажички сол
250 гр. путер или маргарин
3 жолчки
900 гр. брашно
300 гр. нутела
150 гр. лешници

Подготовка:

Квасецот ставете го да стаса. Во сад истурете го квасецот, додадете ги жолчките, растопениот путер, солта и млаката вода, па постепено додавајте го брашното и замесете меко тесто. Оставете го тестото да стаса, поделете го на два дела.

Со сукало развлечете го тестото за штрудла, премачкајте го со половина од нутелата и посипете со половина од сечканите лешници, па свиткајте во ролна. Постапката повторете ја со другата половина од тестото и филот.

Штрудлите премачкајте ги со изматено јајце, благо избоцкајте ги со вилушка и оставете ги да одморат околу половина час. Печете ги на 200 степени околу 45 минути.

Добар апетит.