среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Слатко од бело грозје! Најубав вкус кој се памети

Слатко од бело грозје! Најубав вкус кој се памети

Слаткото од грозје се прави од мали плодови од посебен вид наречен султанија. Ова грозје нема семки и има многу нежна кора, така што плодот може убаво да се зготви без никаква обработка.

Зрнестиот плод на лозјето е многу добра намирница, со голема хранлива и диететска вредност, а во народната медицина се користи илјадници години. Грозјето делува како природен диуретик, а исто така е и многу хранливо. Неговата сезона е веќе започната, има прифатлива цена, па немате причина да го избегнувате…

Грозјето обично го јадеме сирово. Сепак, од него можете да направите сок, оцет, џем или слатко. Ова последното треба да го правите од ситно грозје од посебен вид наречен султанија. Ова грозје нема семки и има многу нежна кора, така што плодот може убаво да се готви без никаква обработка. Султанијата што сте ја избрале за десерт не смее да биде презрела, туку полузрела.

Состојки:

1 кг грозје

1.250 гр шеќер

Лимон

вода

Подготовка:

Внимателно измијте го грозјето и извадете ги зрната од китката, едно по едно. Истурете шеќер во тенњерето за варење слатко, истурете чаша вода и сварете го сирупот како и за секое слатко. Кога сирупот ќе се свари, ставете го грозјето во него и продолжете со варење. Додадете го лимонот, излупен и исечен на прстени.

Варете додека слаткото не се згусне да паѓа во големи капки од подигнатата лажица. Потоа тргнете го од шпоретот, внимателно отстранете ја пената и покријте го со влажна, чиста крпа. Оставете да отстои 12 часа, а потоа истурете во суви, чисти тегли.