недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сочен колач со јаболка и ореви

Сочен колач со јаболка и ореви

Величенствен мирис кој се шири од кујната, подгответе сочен колач со јаболка и ореви.

Состојки:

2 јајца
200 гр. шеќер
200 гр. млеко
50 мл. путер
200 гр. гриз
3 лажици брашно
1 рендано јаболко
1 чаша мелени ореви
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер

За прелив:

400 гр. вода
4 лажици шеќер
1 ванилин шеќер

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете млеко, растопен путер, јаболка, ореви и брашно помешано со прашок за печиво. Полека со лажица соединете ја смесата.

Во намрсена тава или обложена со хартија за печење, истурете ја подготвената смеса и печете во загреана рерна околу 30 минути на 200 степени.

Оставете малку да се излади, исечете го колачот на коцки и прелијте го претходно подготвениот прелив.

Добар апетит.