недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Совршен баланс на чоколадо и кајсија, пробајте ја оваа вкусна торта

Совршен баланс на чоколадо и кајсија, пробајте ја оваа вкусна торта

Оваа е торта е посебна поради совршениот баланс на чоколадо и џем од кајсии. Чоколадната кора со вкус на путер, како и нежната кајсија се одличен спој за овој десерт.

Кора:

6 јајца
150 гр. путер
130 гр. чоколадо со 55% какао
100 гр. шеќер
100 гр. шеќер во прав
140 гр. брашно
1 стапче ванила

Фил:

200 гр. џем од кајсии

Прелив:

200 гр. шеќер
125 мл. вода
150 гр. чоколадо со 55% какао

Подготовка:

Одвоите ги жолчките и белките. Изматете ги белките и додадете го шеќерот. Посебно изматете го путерот со жолчките, а потоа додадете стопено чоколадо.

Додадете брашно во смесата, па додадете ги претходно изматените белки. Во тава ставете хартија за печење и истурете ја смесата.

Печете 10 минути на температура од 170 степени во претходно загреана рерна со подотворена врата од рерната. Потоа уште 50 минути на иста температура со затворена рерна. Оставете да се олади, па исечете на кората на половина.

Во сад стопепе го чоколадото со шеќерот и водата. Едната кора нафилувајте ја со џем од кајсии, ставете ја втората кора и прелијте со стопеното чоколадо.