сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Совршенство: Мирисен и сочен колач од мандарини

Совршенство: Мирисен и сочен колач од мандарини

Мирисен и сочен, лесен како пена со неодолива арома на мандарини.

Состојки:

2 jајца (одвојте ги жолчките од белките)
200 гр. шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
125 мл. сок од мандарини
125 мл. зејтин
200 гр. брашно
1 прашок за печиво
изрендана кора од две мандарини

Глазура (по желба)

100 гр. шеќер во прав
сок од две мандарини

Изматете ги пенасто жолчките со шеќер и ванила. Продолжете и со постепено матење додавајте го сокот од мандарини и зејтинот. Додадете брашно и прашокот за печиво и полека матете додека смесата не се соедини.

Во посебен сад изматете ги белките во цврст снег, па дел по дел, додавајте го тестото.

Во долгнавест калап, 30×10 сантиметри, обложен со хартија за печење, ставете ја смесата и печете во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

Најдобар начин да проверите дали колачот е готов е со чачкалица. Печениот колач превртете го на решетка, па изладен повторно свртете го. Можете да го послужите со шеќер во прав или да му ставите глазура.