четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Стар југословенски рецепт за НАЈСОЧНИОТ ВКУС: Вака спремена попара ќе биде доручек број 1 на вашата трпеза!

Стар југословенски рецепт за НАЈСОЧНИОТ ВКУС: Вака спремена попара ќе биде доручек број 1 на вашата трпеза!

Некогаш сите уживаа во оброкот направен од стар леб и сирење, така се воспитуваа генерации, а денес децата не ни знаат што е попара.

Домаќинките од Југославија добро го знаеле рецептот за највкусната старомодна попара, а доколку сакате да го пробате овој специјалитет, нема да зажалите.

Состојки:

половина бајат леб
1 чаша млеко
3 чаши вода
1-2 парчиња сирење
сол

Подготовка:

Лебот исечкајте го на коцки и ставете го во тавче. Истурете млеко и вода и измешајте. Додадете го искршеното сирење и посолете ако сирењето не е солено. Варете додека лебот не ја впие течноста. Послужете топло.

Попара е традиционално јадење кое полека паѓа во заборав, а покрај тоа што се подготвува лесно и брзо, една од главните карактеристики е што е неверојатно евтина, па за овој појадок не ви треба речиси ништо.