петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Стрелецот незадоволен од емотивниот живот, Рибите се уморни

Стрелецот незадоволен  од емотивниот живот, Рибите се уморни

Овен
Работа: Имате лоша комуникација со соработниците. Не прифаќате нивна критика иако е кажана добронамерно.
Љубов: Ако сте во брак, ви годи вниманието од партнерот.
Здравје: Проблеми со циркулацијата.

Бик
Работа: Совршено владеете со работните податоци и на адекватен начин ги презентирате на потенцијалните соработниците.
Љубов: Емоциите ви работат и имате потреба што повеќе време да минувате со партнерот.
Здравје: Стабилно.

Близнаци
Работа: Малку заостанувате. Проблемите ве стискаат од сите страни и се чувствувате под константен притисок.
Љубов: Емоциите ви работат и на сите можни начини ставате до знаење колку ви значи партнерот.
Здравје: Чувствителна бешика.

Рак
Работа: Имате оптимистички став кога е работатДа во прашање. Енергични сте и подготени да се соочите со проблемите да ги решите.
Љубов: Ако сте слободни, не работите ништо конкретно во врска со промената на статусот.
Здравје: Солидно.

Лав
Работа: Самодовербата ви е на ниво. Имате впечаток дека се можете да докажете со решавање на работните проблеми.
Љубов: Имате тајна симпатија кон која и натаму не сте подготвени да покажете чувства.
Здравје: Добро здравје.

Девица
Работа: Сте го преполниле роковникот со обврски и сега максимално сте посветени на работа.
Љубов: Односот со брачниот другар не е најдобар. Мислите дека на двајцата ви треба малку одмор.
Здравје: Внимавајте на дишните органи.

Вага
Работа: Добивате нова работна понуда и тоа од конкуренцијата. Ви годи тоа што некој ја цени вашата работа, но не сте сигурни дека треба да го смените тимот.
Љубов: Љубоморни сте и потребно ви е внимание од партнерот.
Здравје: Напнати сте.

Скорпија
Работа: Упорниот труд конечно носи резултати. Задоволни сте, затоа што конечно сте надминале некој потешкотии.
Љубов: Имате потреба да се осамите и на тој начин да ги наполните батериите. Партнерот не е воодушевен од вашиот однос.
Здравје: Солидно.

Стрелец
Работа: Самоуверени сте, амбициозни и имате јасни цели. Со таков став ве чека работен успех.
Љубов: Не сте задоволни од емотивниот живот. Имате потреба да сакате и да бидете сакани.
Здравје: Потребен ви е одмор.

Јарец
Работа: Одговорни сте и работата ја одработувате детално. Свесни сте дека вложениот труд кога тогаш ќе се врати.
Љубов: Пред вас е интересно познанство. Нормално дека не покажувате интерес и оставате впечаток на цврста личност.
Здравје: Не сте расположени.

Водолија
Работа: Под голем стрес сте. Имате многу обврски, а со оглед дека сте одговорни, сакате да направите се по вашите стандарди.
Љубов: Партнерот има многу разбирање за вашата посветеност на работата.
Здравје: Заморот ќе ве совлада.

Риби
Работа: Пробувате да одработите што поголем број на обврски. Сила ви даваат плановите кои ги имате за викенд.
Љубов: Слободното време поминете го во друштво на саканата личност и на тој начин ревитализирајте се.
Здравје: Уморни сте.