среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Трик кој е важно да го знаете: Вака може да направите јагодите да бидат свежи повеќе денови

Трик кој е важно да го знаете: Вака може да направите јагодите да бидат свежи повеќе денови

Ако сакате свежо купените јагоди да траат подолго, потребно е да ги отстраните оние кои се веќе меки.

Штом купите нова тура јаготки, пред да ги ставите во фрижидер, направете едноставна постапка која ќе им го продолжи рокот и свежината:

  • Бел оцет
  • Вода
  • Голема цедалка

Измешајте половина шолја оцет во 2 ипол шолји вода.

Потопете ги јагодите во мешавината неколку минути. На овој начин ќе се ослободите од сите ситни бактерии кои предизвикуваат свежината на јагодите да исчезне брзо.

Измијте и исушете ги јагодите во голема цедалка за тестенини.

На овој начин неколку денови ќе бидат свежи.