недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Трик кој малкумина го знаат: Од стар леб направете вкусна торта со прелив од карамела

Трик кој малкумина го знаат: Од стар леб направете вкусна торта со прелив од карамела

Кога ќе остане стар леб, повеќето домаќинки одлучуваат да го искористат за правење пржени лепчиња. Но, можете да направите и исклучително вкусна торта со карамелизиран шеќерен прелив од стар леб.

Подготовката е едноставна, а мазната текстура на тортата во карамела ќе ги воодушеви и најпребирливите.

Состојки:

– половина бајат леб;
– 600 мл. млеко;
– 3 јајца;
– 400 мл. кондензирано млеко;
– 300 гр. шеќер;
– половина лимон или лимета;
– половина литар вода.

Подготовка:

Лебот ставете го во блендер, прелијте го со млеко, додадете три јајца и кондензирано млеко, па изблендирајте.

Во калапот за куглоф истурете 300 грама шеќер, па стопете го на тивок оган, тргнете го од шпоретот и распоредете го по целата тава.

Во поголемо тенџере истурете сок од половина лимон или лимета и половина литар вода, па оставете да зоврие.

Во калапот за куглоф истурете го измешаниот леб со млеко, кондензирано млеко и јајца, па покријте го калапот и спуштете го во тавче во кое има зовриена вода со лимон. Поклопете го тенџерето и оставете го колачот да се вари на шпорет десет минути.

Тортата ставете ја во калапот за куглоф во замрзнувач да се излади, па превртете ја во плех за торта, исечете и послужете.

На здравје!