среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Важни совети од стоматолозите: Овие намирници се ЛОШИ за вашите заби, за дел од нив не знаете што можат да направат

Важни совети од стоматолозите: Овие намирници се ЛОШИ за вашите заби, за дел од нив не знаете што можат да направат

Слатките работи предизвикуваат расипување на забите и секој знае дека треба да се избегнува. Исто така, доколку сакате да ги зачувате белите заби, треба да избегнувате често консумирање црвено вино, бидејќи остава дамки.

Сепак, ова не се единствените намирници кои се опасни по здравјето на забите и оралната хигиена. Има такви кои навидум се сосема безопасни, а можат да ги оштетат вашите заби.

Според советите на стоматолозите, би било препорачливо да ги избегнувате овие намирници:

Сончоглед

Тие имаат тврда надворешна обвивка која може да ги оштети забите. Доколку сте љубител на оваа закуска, подобра опција ќе бидат излупените семиња.

Коцки мраз

Не треба да го гризете мразот со забите. Коцките мраз можат да ја оштетат забната глеѓ бидејќи се тврди. Исто така, конзумирањето на екстремно ладни или топли пијалоци негативно влијае на забите.

Вода со вкус

Иако водата со вкус не содржи шеќер, таа содржи киселини кои ги уништуваат забите. Поради адитиви како што се шеќер или киселини, ароматизирана вода и спортски пијалоци, pH вредноста на плунката се менува, киселоста се зголемува, а тоа ја намалува отпорноста на забната глеѓ. Откако ќе се уништи, ќе биде тешко да се врати во нормална состојба. Тогаш забите стануваат подложни на кариес, воспаленија и инфекции. Најдобро е да пиете обична вода.

Суво овошје

Поради својата лепливост, сувото овошје подолго се задржува на забите, а се зголемува активноста на бактериите кои го разградуваат шеќерот, како и киселоста која може да доведе до расипување на забите.

Чипс

Храната која содржи скроб, како што е чипсот, предизвикува расипување на забите. Ензимите од плунката го започнуваат процесот на варење на оваа храна во устата со разградување на јаглехидратите во шеќер кој станува храна за бактериите во устата.

Чипсот може да се заглави меѓу забите и да придонесе за развој на денталниот плак. Ако повремено уживате во чипсот, задолжително исплакнете ја устата со многу вода по консумирањето и задолжително користете конец за заби.