Компирот може да го подготвувате на разни начини, но за вашиот викенд ручен пробајте ја оваа рецепта.
Состојки:
1 кг. компир
200 гр. шампињони
1 кромид
3 чешниња лука
две црвени пиперки
лажичка црвен пипер
лажичка сув зачин
сол, сусам
магдонос, зејтин
Подготовка:
Сварете го компирот нелупен. Кога ќе се излади исечете го на покрупни парчиња. Кромидот динстајте го, додадете ги шампињоните претходно исечени на листови и пиперките исечени на кругови.
Пропржете неколку минути, додадете го лукот и зачинете.
Во сад за печење ставете го компирот, а врз него шампињоните. Наросете сусам и запечете во рерна.