понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вкусот на КАРАМЕЛА ќе ве зашемети: Неодоливиот милионерски колач е всушност ефтин десерт чиј рецепт мора да го знаете!

Вкусот на КАРАМЕЛА ќе ве зашемети: Неодоливиот милионерски колач е всушност ефтин десерт чиј рецепт мора да го знаете!

Познатиот милионерски колач е фантастична торта чие „скапо“ име воопшто не одговара на комбинацијата на неговите состојки, туку е, напротив, прилично евтин. Вкусот е, затоа, извонреден!

Станува збор за стара шкотска торта која е богата со карамела, чоколада, млеко… Всушност, името го добила затоа што потсетува на нешто што би јаделе богатите, но не бара скапи состојки и тешка подготовка.

Состојки:

Тесто:

350 грама брашно
230 грама путер
130 грама кристален шеќер
прстофат сол

Карамела:

400 милилитри кондензирано млеко
200 грама шеќер
200 грама путер
4 лажици стопен мед

Глазура:

250 грама чоколадо (млечно или темно)

Подготовка:

Прво загрејте ја рерната на 150 степени. За слој тесто измешајте путер, шеќер и сол, па матете со миксер додека не добиете еднолична смеса. Потоа постепено додавајте го брашното со постојано мешање со миксер. Кога ќе имате компактно тесто, ставете го во плех обложен со хартија за печење. Печете околу половина час, додека не поруменат. Кога целосно ќе се излади, ставете ја кората од бисквитот во фрижидер.

За слојот од карамела измешајте путер, млеко и шеќер, потоа додадете мед и постојано мешајте на средна температура додека смесата не стане густа карамела. Кога е готово, прелијте го со бисквитот и вратете го во фрижидер.

Чоколадото растопете го на пареа, па прелијте го со изладениот (и исцеден!) карамел, па вратете го во фрижидер да се стегне.

Засладете се како милионери!