недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Внимателно консумирајте ги овие цитрусни плодови: 4 овошја кои во некои случаи можат да го влошат здравјето

Внимателно консумирајте ги овие цитрусни плодови: 4 овошја кои во некои случаи можат да го влошат здравјето

За одржување на здравата рамнотежа, важно е да се практикува исхрана која може да го намали холестеролот.

Статините се лекови за намалување на липопротеини со ниска густина, а најновите студии покажуваат дека во контакт со сок од некои агруми можат да предизвикуваат сериозни нуспојави, зголемувајќи го нивото на статини во крвта и влошувајќи го нивното делување.

Најчесто станува збор за грејпфрутот, иако постојат и други овошја на кои треба да се обрне внимание. Мала чаша сок од грејпфрут можеби нема да има сериозни последици, но доколку користите статини, најдобро е да се консултирате со доктор пред консумирање на ова овошје.

Студија покажува дека содржината на грејпфрутот го попречува нормалниот метаболизам на статини во телото, зголемувајќи ја нивната концентрација во крвта. Кога пациентот прима статини, ензимот „CYP3A“ ги разградува во цревата и црниот дроб, а овој процес ја намалува количината на статини која влегува во крвотокот. Меѓутоа, фуранокумарините – материи природно присутни во грејпфрутот – го убиваат овој ензим со што се спречува нивната разградба. Со тоа, телото од цревата внесува повеќе статини од вообичаено во крвотокот, што потенцијално може да доведе до лоши последици.

Повеќе од 85 лекови можат да стапат во интеракција со состојките на грејпфрутот, според истражувачкиот тим, што значи дека не се само статините опасни. Исто така, не сите статини се исти во смисла на интеракција со сокот од грејпфрут – аторвастатин, ловастатин и симвастатин се оние на кои треба да обрнете внимание.

Но, ако сте љубител на грејпфрут, тоа не значи дека не смее воопшто да го консумирате. Запомнете дека половина од ова овошје содржи помалку од обична чаша сок во него. Некои од пациентите кои користеле статини посведочиле нуспојави по пиење на речиси 1 литар сок од грејпфрут, но лекарите не препорачуваат такво експериментирање.

Од друга страна, не е само грејпфрутот опасен – и други агруми можат да содржат состојки со слични интеракции како лимета, помело и горчлив (севилски) портокал. Ако ви се препишани статини, внимавајте на овие 4 овошја и посоветувајте се со вашиот лекар пред да ги сместите во вашата исхрана.