вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Внимавајте што внесувате во организмот: Еден вид леб е најдобар за дијабетичарите!

Внимавајте што внесувате во организмот: Еден вид леб е најдобар за дијабетичарите!

Дијабетичарите мора да бидат на посебен режим на исхрана, а тука секако спаѓа и лебот кој не смее да се користи во преголеми количини.

Сепак, многумина истражувале кој е најдобриот леб за оваа категорија луѓе, а одговорот е: ржан леб од цело зрно.

Имено, нивото на шеќер во крвта расте откако ќе изедете храна која содржи јаглехидрати. Ова го вклучува лебот. Ако сте загрижени за шеќерот во крвта, ржаниот леб од цело зрно е најдобриот избор.

Ќе бидете сити подолго отколку кога станува збор за други видови леб, а со сето тоа доведува до најмали, речиси непостоечки промени на нивото на шеќер во крвта. Ова е важно за дијабетичарите.

Сепак, општо земено, изберете леб со погуста и погруба текстура со многу посипано жито за да избегнете нагли скокови на шеќерот во крвта.