понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Жед и главоболка: Претераното конзумирање на оваа намирница може да предизвика сериозни компликации

Жед и главоболка: Претераното конзумирање на оваа намирница може да предизвика сериозни компликации

Прекумерното внесување сол преку исхраната не е добро за здравјето на организмот, а врз основа на промените кои настануваат може да се знае кога сте се предозирале. Во овој случај се јавува надуеност, главоболка, силна жед и висок крвен притисок.

Главоболка
Не е невообичаено вишокот на сол во вашето тело да биде главен виновник за честите главоболки.

Изразена жед
По големиот внес на сол, бубрезите мора да го излачат целиот вишок на овој минерал од телото, за што се потребни многу течности.

Отечено лице
Дали се будите со отечено лице ден откако ќе изедете нешто многу солено? Имено, за себе ја врзува водата која се акумулира во клетките, што предизвикува отечен изглед.

Зголемување на телесната тежина
Како што се зголемува внесот на сол, се зголемува и количината на вода потребна за да се отфрли вишокот на овој минерал. Кога на нашето тело му се потребни поголеми резерви на вода, неизбежно е тоа да влијае и на телесната тежина.

Висок крвен притисок
Прекумерното внесување сол може да го зголеми крвниот притисок, а со тоа и ризикот од кардиоваскуларни болести.

Надуеност
Солените оброци имаат тенденција да предизвикаат непријатна надуеност, како и отекување на прстите на рацете или нозете.

Камен во бубрегот
Постојаното високо ниво на концентрација на сол во организмот може да предизвика формирање на мали кристали во бубрезите бидејќи има зголемено количество на калциум во урината, а со растот на овие кристали доаѓа до формирање на камења во бубрезите, многу незгодна болест. .