Нема да верувате кога ќе прочитате што можат да ви направат само 50 грама кикирики дневно.
Кикириките се по потекло од јужна Америка и припаѓаат на семејството мешунки, како што е леќата, гравот и сојата. Тие не само што имаат добар вкус, туку се богати и со масти, протеини и други здрави хранливи материи, а нивните својства се важни и за здравјето и за убавината. Кикириките се добар извор на протеини и во себе содржат есенцијални витамини, минерали и растителни соединенија.
Тие нудат многу придобивки, па затоа, секојдневно треба да се наоѓаат на вашата листата за исхрана. Меѓутоа, поради високото ниво на масти и калории кои ги содржат тие, не би требало да претерувате со нив. Погледнете кои 12 придобивки ви ги нуди овој плод и зошто токму тие се пријатели и на вашето здравје и на убавината.
Добри се за здравјето на срцето
Помеѓу повеќето придобивки кои ги нудат кикириките за здравјето на човекот, се чини дека оваа корист е најпозната. Благодарение на високото ниво мононезаситени и полинезаситени масти, кикириките може да го одржуваат здраво човековото срце. Конкретно, олеинската киселина може да го намали лошиот холестерол во крвта и да го зголеми добриот. Затоа, кикириките се во можност да спречат мозочен удар и заболувања на срцето.
Ја зголемуваат енергијата
Една од најзабележителните придобивки од кикириките е тоа што тие ја зголемуваат енергијата. Ова е сосема разбирливо, бидејќи кикириките содржат многу витамини и минерали, антиоксиданси и хранливи материи, кои сами по себе се голем извор на енергија.
Помагаат при слабеење
Кикириките се познати и кога станува збор за одржување на телесната тежина. Поради тоа што имаат многу калории и масти, кикириките не влијаат на зголемување на килограмите, па затоа со нивно консумирање се одржува виталноста и се спречува дебелината.
Го спречуваат каменот на жолчката
Се проценува дека каменот во жолчката зафаќа од 10 до 25% од возрасните во светот. Честото консумирање кикирики може значително да го намали ризикот од камења во жолчката. Според одредени студии, само 30 грама кикирики дневно може да ви помогнат да го намалите ризикот од оваа појава дури и до 25%.
Ја подобруваат меморијата
Кикириките често се нарекуваат и „храна за мозокот“, затоа што содржат витамин Б3 кој е одличен за функционирање на мозокот, како и за подобрување на меморијата. Во себе содржат флавоноид кој се нарекува ресвератрол, а кој може да го подобри протокот на крв во мозокот и за околу 30%.
Се борат против депресијата
Серотонинот е хемикалија која е важна за мозокот и која помага во регулирањето на расположението. Неадекватното лачење на оваа хемикалија, резултира со депресија. За среќа, аминокиселината триптофан, која се наоѓа во кикириките, може да помогне при ослободување на серотонинот, па поради тоа кикириките се во состојба да ја победат депресијата.
Корисни се за бремените жени и го штитат плодот
Кикириките се сметат за добар извор на фолна киселина, која е важна за жените во текот на бременоста. Според истражувањата, жените кои консумираат 400 грама од оваа киселина пред и после раната фаза на бременост, имале помал ризик нивното бебе да има одредени невролошки проблеми. Консумирањето кикирики во текот на бременоста исто така го намалува ризикот и од некои вообичаени алергиски болести, како што е астмата кај децата.
Спречуваат Алцхајмерова болест
Многу студии покажале дека консумирањето храна која е богата со ниацин, како што се кикириките, може да го намали ризикот од појава на Алцхајмерова болест за околу 70%. Само 20 грама од овој плод, претставува една четвртина од дневното потребно внесување ниацин.
Создаваат блескава и затегната кожа
Состојките кои се наоѓаат во кикириките ја одржуваат кожата сјајна и блескава. Освен тоа, диеталните влакна во ова растение помагаат организмот да се ослободи од вишокот токсини, со што кожата станува беспрекорно мека и сјајна. Од друга страна, кикириките со нивната содржина на магнезиум, може да ги смират нервите, крвните садови и мускулите, со цел да се забрза протокот на крв во кожата.
Го спречуваат опаѓањето на косата
Покрај тоа што кикириките се корисни за убавината, тие го спречуваат и губењето на косата. Благодарение на витаминот Ц кој се користи во зголемување на производството на колаген, кикириките може да го спречат опаѓањето на косата. Исто така една состојка која се наоѓа во кикириките се користи и во многу третмани за лечење на ќелавост, додека пак омега 3 масните киселини може да влијаат на фоликулите на влакното и севкупниот раст на косата.
Ги спречуваат брчките и стареењето
Раните знаци на стареење, како што е промена на бојата, брчките и намалената еластичност на кожата, спаѓаат во едни од најголемите козметички грижи. За среќа, кикириките имаат значајна количина витамин Ц, кој е неопходен за производство на колаген. Во суштина, колагенот е важен за да се задржат здрави тетивите, ‘рскавиците и кожата. Значи, јадењето кикирики ја подобрува цврстината на кожата, како и нејзината еластичност и свежина.