вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

18-годишник со „Пасат“ усмрти пешак

18-годишник со „Пасат“ усмрти пешак

Тинејџер на 18-годишна возраст усмрти пешак во струшко во уште една сообраќајна несреќа со трагичен исход.

Сообраќајката се случила вчера на регионален пат во Враништа, струшко, а возачот кој управувал „фолксваген пасат“ прегазил 54-годишен маж од Струга.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде што подоцна починал”, потврдува МВР.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.