петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Лисиче: Му се заканувале, го удриле со возило, па пукале – две пријави за ист немил настан

Драма во Лисиче: Му се заканувале, го удриле со возило, па пукале – две пријави за ист немил настан
илустрација

На 05.10.2022 во 00:15 часот во Полициската станица Аеродром, Г.С.(46) од Скопје пријавил дека на 04.10.2022 околу 23.50 часот на ул.„Лисец“, додека управувал патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, во кое било уште едно лице, патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки ознаки, во кое било лице кое претходно му се заканувало, удрило во неговото возило и го оштетило.

Според пријавеното, набргу од другата страна се појавило и возило „фолксваген туарег“, а кога се обидел да избега слушнал истрели од огнено оружје кои, исто така, му го оштетиле возилото.

Исто така, на 05.10.2022 во 00.35 часот, Ф.А. пријавил дека на ул.„Лисец“, додека неговиот брат И.Ј. управувал патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, со огнено оружје било оштетено возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.