петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Македонија: Се судрија камион и мотоцикл управуван од жена, по ударот возачот на камионот продолжил- па настанал хаос

Драма во Македонија: Се судрија камион и мотоцикл управуван од жена, по ударот возачот на камионот продолжил- па настанал хаос

На магистралниот пат Кичево – Македонски Брод, вчера во непосредна близина на крстосницата за селото Србјани се случи сообраќајна незгода меѓу товарно моторно возило „Ман“ управувано од В.С.(51) од селото Јосифово и мотоциклот „Холдинг“ управуван од Д.С.П.(37) од селото Србјани.

-Вчера во 18.25 часот се случи сообраќајна незгода е помеѓу товарно моторно возило „Ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки управувано од В.С.(51) од селото Јосифово, валандовско, кое прoдолжило со движење и мотоцикл „Холдинг“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.П.(37) од селото Србјани, кичевско, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски .

По преземени мерки товарното возило било пресретнато и вратено на местото на настанот, а во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.С.П. и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кичево.