понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Драма во Сарај: По сообраќајка меѓу автомобили, поминале лица со мотор и пукале

Драма во Сарај: По сообраќајка меѓу автомобили, поминале лица со мотор и пукале

Драма се случувала вчеравечер во скопски Сарај. 33 годишниот Ф.Ф. од Грчец во 22:35 часот пријавил во близина на бензинска пумпа во с.Сарај, скопско по претходно случена сообраќајна несреќа помеѓу Ш.С. сопственик на патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки и Ф.И. сопственик на патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, поминале две лица со мотоцикл при што испукале еден куршум во воздух и се упатиле кон с.Сарај, информира МВР.

Според пријавеното како можен сторител е посочен З.Ш. од с.Крушопек.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.