Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а четири лица со полесни телесни повреди во вкупно 12 сообраќајни несреќи што се случиле вчера на подрачјето на СВР Скопје.
Од МВР информираат дека од вкупно 12-те сообраќајки четири се со телесни повреди, една со тешки телесни повреди и седум со материјална штета.
Сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шест возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло и пет возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои не користеле заштитен шлем.
Од сообраќај биле исклучени 13 возила. Единаесет од нив поради нерегистрирано возило, а две поради технички неисправно возило. Од сообраќај биле исклучени 20 возачи од кои осум поради управување возило под дејство на алкохол, 11 управувале возило пред да се стекнат со право на управување возило и еден возач почетник.
Затекнати биле 79 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 64 возила.