недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава против кичевчанец, „олеснил“ свој сограѓанин за околу две илјади евра

Кривична пријава против кичевчанец, „олеснил“ свој сограѓанин за околу  две илјади евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.И.(44) од с.Манастирско Доленци, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во текот на февруари 2022 година во Кичево, И.И. неовластено дошол до платежна картичка и пин на лице од Кичево и од банкомат во неколку наврати извршил трансакции и се стекнал со противправна имотна корист од околу 126.000 денари.