четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична пријава за жител на Дебар, не го почитувал полицискиот час

Кривична пријава за жител на Дебар, не го почитувал полицискиот час

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.К. (28) од Дебар.

-На 29.03.2020 година во 18 часот, при контрола за доследно спроведување на мерките за ограничено движење за време на полицискиот час поради заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, полициските службеници го затекнале пријавениот на улицата „8 Септември“ во Дебар, информираат од СВР Охрид.