четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер

Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот.

Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.