четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

МВР со првични информации за вооружениот инцидент во Мала Речица

МВР со првични информации за вооружениот инцидент во Мала Речица

Две лица се повредени во инцидентот кој попладнево околу 18:30 часот се случил во селото Мала Речица, потврдува портпаролот на МВР, Тони Ангеловски во изјава за Курир.

Според првичните информации со кои располага МВР, повредените лица се пренесени во тетовската клиничка болница, но засега нема подетални информации за нивната здравствена состојба.

Ангеловски додава дека во врска со случајот приведени се две лица, но повеќе детали се уште не се откриваат.

Албанските медиуми јавуваат дека вооружениот инцидент се случил кај седиштето на ДУИ, а во истиот убиени се три лица од Куманово. Според нивните информации убиството било резултат на ривалство меѓу две групи на ДУИ.

Подетални информации за целиот случај се очекуваат подоцна.