понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Несреќа во скопско: Татко со автомобил го удрил својот 3-годишен син

Несреќа во скопско: Татко со автомобил го удрил својот 3-годишен син

На 28.08.2019 во 19:00 часот било пријавено дека во с.Љубин, скопско, И.В.(42) додека влегувал во неговиот двор со патничко моторно возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, без да забележи, го удрил неговиот тригодишен син.

Повредениот бил однесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош каде биле констатирани тешки телесни повреди.