понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ограбен поштар во Скопје додека разнесувал пратки, еве колку пари имал во чантата

Ограбен поштар во Скопје додека разнесувал пратки, еве колку пари имал во чантата

Вчера околу 10.00 часот на улицата „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво над А.Ф. (47) од Скопје, вработен како поштар во АД „Македонски пошти“.

Сторителот со закана со пиштол од А.Ф. одзел чанта во која имало од 15.000-20.000 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.