понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Ограбена црква во тетовско, украдени 2.000 денари

Ограбена црква во тетовско, украдени 2.000 денари

Непознато лице ноќта меѓу 15 и 16 јануари извршило кражба во црквата „Св. Никола“ во тетовското село Копанце.

Од полицијата информираат дека лицето со употреба на тврд предмет го искршил стаклото од влезната врата на црквата и од масата за свеќи одзел ситни пари во вредност од околу 2.000 денари.

-Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, велат од МВР.