среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Позитивни на коронавирус од тетовско си излегувале од дома

Позитивни на коронавирус од тетовско си излегувале од дома

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(54) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија’’.

На 18.08.2021, полициски службеници не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Е.(34) од с.Копанце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“.

На 13.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19.