Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Ш.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при тепачка или караница“.
На 23.09.2021 во Гостивар, пријавениот физички го нападнал и се обидел со остар предмет да го повреди Г.Ш.Ш.(22) од Гостивар, но бил спречен од таткото на Г.Ш.Ш..