Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Е.К. (29) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ и против Б.А. (33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.
-Во текот на декември 2017 година, во село Урвич, Е.К. при згодна прилика го одзел клучот од куќата на таткото на неговата сопруга, кој е на привремена работа во Италија. После тоа, отишол во куќата и одзел сигнален пиштол „Екол мајор“ калибар 9 мм, кој сопственикот го поседувал со одобрение и златен накит и бижутерија, со што му нанел штета од околу 120.000 денари, информираат од МВР.
По ова, Е.К. му го дал пиштолот на Б.А. како надомест за долг што го имал кон него.